Прејди на содржината

Прва книга летописи/ 3 глава

Од Wikisource

2 глава Прва книга летописи
3 глава
од н.п.
4 глава
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

 1 Ова се Давидовите синови кои му се родија во Хеврон: првенецот Амнон од Езраелката Ахиноама, вториот Даниел од Карамилката Авигеја,
  2 третиот Авесалом, син на Мака, ќерка на Талјам, гесурски цар, четвртиот Адониј, син Агитин,
  3 петтиот Сефатиј од Авитала, шестиот Итрам од неговата жена Егла.
  4 Шест синови му се родија во Хеврон, каде царуваше седум години и шест месеци; а триесет и три години царуваше во Ерусалим.
  5 Овие синови му се родија во Ерусалим: Самај, Совав, Натан и Соломон; четворица од Вит-Савеа, ќерката Амилова.
  6 Евар, Елисам, Елифалет,
  7 Нога, Нефег, Јафиј,
  8 Елисам, Елијад, Елифелет, девет.
  9 Сите Давидови синови освен соложничките синови и нивната сестра Тамара.
10 Соломонов син беше Ровоам, негов син Авниј, негов син Аса, негов син Јосафат,
11 негов син Јорам, негов син Охозиј, негов син Јоса,
12 негов син Амасиј, негов син Азариј, негов син Јотам,
13 негов син Ахас, негов син Езекиј, негов син Манасиј,
14 негов син Амон, негов син Јосиј.
15 Јосиови синови беа: првенецот Јоанан, вториот Јоаким, третиот Седекиј, четвртиот Салум.
16 Јоакимови синови беа: Јехониј, негов син, и Седекија, негов син.
17 Син на Јехониј беше: Асир, Салатил негов син,
18 Малхирам, Федај, Сенасар, Јекамиј, Осам и Недавиј.
19 Фадееви синови беа: Зоровавел и Симеј; Зоровавелови синови: Месулам и Ананиј, и сестра им Селомета.
20 Асува, Оел, Варахиј и Јуса-Весед, нив петмина.
21 Ананиеви синови беа: Фелатиј и Јесај, Рефаеви синови, Арнанов син, Овадиев син, Сеханиев син.
22 Сеханиеви синови беа: Сематиј, а Сематиеви синови беа: Хатус, Игеал, Вариј, Неариј и Сафат, шестмина.
23 Неариеви синови беа: Елиоенај, Езекиј и Азрикам, тројца.
24 Елиоенаеви синови беа: Одај, Елиасиф, Фелај, Акув, Јоанан, Далај и Анан, седуммина.

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse