Прва книга летописи/ 24 глава

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

23 глава Прва книга летописи
24 глава
од н.п.
25 глава
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

   1 Ароновите синови имаа свои редови, Аронови синови беа: Надав, Авијуд, Елеазар и Итамар.
  2 Но Надав и Авијуд умреа пред таткото и немаа деца; затоа свештеничката служба ја вршеа Елеазар и Итамар.
  3 Давид ги подели на редови нив и Садок, од Елеазаровите синови, и Ахимелех, од Итамаровите синови, според нивниот ред во нивната служба.
  4 Ама меѓу Елеазаровите синови се најдоа повеќе машки главатари отколку меѓу Итамаровите синови, па кога ги поделија, од Елеазаровите синови беа шеснаесет семејни главатари, а од Итамаровите синови само осум семејни главатари.
  5 Затоа ги поделија со жрепки, едните и другите, зашто посветените кнезови и Божјите кнезови беа и од Елеазаровите синови и од Итамаровите синови.
  6 Ги запиша Натанаиловиот син Семај, писар од Левиевото племе, пред царот, пред кнезовите, пред свештеникот Садок, пред Авијатаровиот син Ахимелех, пред главатарите на семејствата сред свештениците и левитите, земајќи по едно семејство за Елеазар, а пак по едно за Итамар.
  7 Првата жрепка падна на Јојарив, втората на Једај,
  8 третата на Харим, четвртата на Сеорим,
  9 петтата на Малхиј, шестата на Мејамин,
10 седмата на Акос, осмата на Авиј,
11 деветтата на Исуј, десеттата на Сеханиј,
12 единаесеттата на Елијасив, дванаесеттата на Јаким,
13 тринаесеттата на Уфа, четиринаесеттата на Есевав,
14 петнаесеттата на Вилга, шеснаесеттата на Имир,
15 седумнаесеттата на Езир, осумнаесеттата на Афисис,
16 деветнаесеттата на Петај, дваесеттата на Езекил,
17 дваесет и првата на Јахин, дваесет и втората на Гамул,
18 дваесет и третата на Делај, дваесет и четвртата на Мазиј.
19 Тоа е нивниот ред во службата по кој треба да одат во Господовиот Дом, според своето правило, примено од татка им Арон, како што му заповеда Господ, Израелевиот Бог.
20 Од другите левиеви синови од Амрамовите синови беше Суваил; од Суваиловите синови Једај;
21 од Реавиј, од Реавиевите синови главатарот Есиј;
22 од Исаровците Селомот; од Селомотовите синови Јат.
23 Ериниите синови: втор Амариј, трет Јазил, четвртиот Јекамеам.
24 Од Узиловите синови Миха; од Михините синови Самир.
25 Михиниот брат Есиј; од Есиевите синови Захариј;
26 Мерариеви синови: Малиј и Мусиј: синови на Јазиј; Вено.
27 Мерариеви синови од Јазиј, неговиот син: Соам, Захур и Ивриј;
28 од Малија Елеазар, кој немаше деца;
29 од Кис, Кисови синови, Ерамеил.
30 Мусиеви синови: Малиј, Едер и Јеремот. Тоа беа левитските синови според своите семејства.
31 И тие фрлаа жрепки како и нивните роднини, Ароновите синови, пред царот Давид, пред Садок, пред Ахимелех и пред семејните главатари, сред свештениците и левитите, и тоа еднакво главатарот на семејството како и неговиот најмал брат.

Поврзано

Надворешни врски


PD-icon.svg Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.
Nuvola apps important.svg
It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.