Прва книга летописи/ 23 глава

Од Wikisource

22 глава Прва книга летописи
23 глава
од н.п.
24 глава
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

  1 Откако остаре и им се насити на деновите, Давид го постави својот син Соломон за цар над Израел.
  2 Потоа ги собра сите израелски кнезови, свештеници и левити.
  3 Тој ги преброи левитите од триесет години нагоре, и беа триесет и осум илјади машки глави.
  4 Меѓу нив беа дваесет и четири илјади од оние кои управуваа со работата околу Господовиот Дом, а шест илјади надгледници и судии,
  5 пет илјади вратари и четири илјади од оние кои Го фалеа Господа со свирки што ги направи за фалење.
  6 Давид ги подели на редови според Левиевите синови: Гирсон, Кат и Мерариј.
  7 Од Гирсоновото колено беа: Ладан и Симеј.
  8 Ладанови синови: главатари: Ехил, Зетам и Јоил, тројца.
  9 Симееви синови: Селомит, Азил и Харан, нив тројца; тоа се главатари на Ладановите семејства.
10 Симееви синови: Јат, Зиза, Јеус и Вериј. Тие четворица се Симееви синови.
11 Јат беше главатар, а вториот Зиза; а Јеус и Вериј немаа многу деца, затоа се броеја во едно семејство, во еден дом.
12 Каатови синови: Амрам, Исар, Еврон и Озил, четворица.
13 Амрамови синови: Арон и Мојсеј. Арон беше одреден да ја осветува Светината над светините; тој и неговите синови довека, да кадат пред Господа, да Му служат и да благословуваат во Негово Име довека.
14 Мојсеј беше Божји човек. Неговите синови се вбројуваат во Левиевото племе.
15 Мојсееви синови се: Гирсом и Елиезер.
16 Гирсомови синови: главатарот Севуил.
17 Елиезерови синови беа: главатарот Реавиј. Елиезер немаше други синови, туку Реавиевите синови се намножија многу.
18 Исарови синови: главатарот Селомит.
19 Евронови синови: главатар Ериј, втор Амариј, трет Јазил, четвртиот Екамеам.
20 Озилови синови: главатар Миха, втор Есиј.
21 Мерариеви синови: Елеазар и Кис.
22 Елеазар умре немајќи синови, туку само ќерки, кои ги зедоа за свои жени нивните роднини, Кисовите синови.
23 Мусиеви синови: Малиј, Едер и Јеремот, тројца.
24 Тоа беа Левиевите синови според домовите на татковците, главатари на семејствата, кои беа запишани по име; тие ја вршеа работата за служба на Господовиот Дом во доба од дваесет години нагоре.
25 Давид рече: „Господ, Израелевиот Бог, Му даде мир на Својот народ и ќе живее довека во Ерусалим.
26 Затоа веќе ни левитите не ќе ги носат веќе ни Шаторот ни разновидните прибори за негова служба.”
27 Според последните Давидови зборови, беа пребројани Левиевите синови од дваесет години нагоре.
28 Беа одредени да бидат покрај Ароновите синови во служба во Господовиот Дом, во преддворјата и во тремовите, за да ги чистат сите свети работи, за да работат во служба во Господовиот Дом,
29 исто за лебните приноси, за пченичното брашно за принос, за бесквасните колачиња зготвени во сад и замешани во масло и за мерките за тежина и за должина;
30 за да пристапуваат секое утро, да Му благодарат на Господа и да Го слават: така и навечер.
31 А кога и да Му се принесуваат паленици на Господа, во сабота, при млада месечина и во празниците, да доаѓаат според својот број, според својот ред, секогаш пред Господа.
32 И за да ги заштитуваат на средбата: и Светилиштето и своите браќа, Ароновите синови, при службите во Господовиот Дом.

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.
It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.