Пеш по светот/ Пеш по светот (втора песна)

Од Wikisource
Пеш по светот (прва песна) Пеш по светот
втора песна


од Коле Неделковски
1941
Од збирката „Пеш по светот“ пренесена во оригинал на македонско писмо.

Бодни, о поет, твојата муза
да летне над раширен свет,
да пее со горчива солза
за гладни под ропски гнет.

А па ти ајде, потривај раци
пред големци со сладок смеф
и продавај дедовци, внуци
да наполниш жабешки меф.

Слушај, о народ, поцрнет,
еј тија песни викнати
за твојот живот истегнат,
за твојте солзи бликнати.

Зар уште смеф не достаса
до твоа уста смрштена,
зар уште гнеф си притискаш
да не се диво насмееш.

О, роде, какво дочека,
време ли, свет се изродил,
ако ти песна наредат,
кожата ке ти продадат.

Кој ли па слеп е останал,
кој ли се кукнал оглувен,
па да со мака разбере
ѕверот за ошто копнее.

Еј и друзи свет веселат,
пискат, радост сејат,
као да ти оро виеш,
а не ф солзи гниеш.

И на сегде вик издигат,
и во надеж горат —
ех зар борба да поведат,
друзи ке го сторат.

Кој ли сега па ке слуша
како роб се траќа,
кога горда еј Витрша
сладок смеф ни праќа.

И од темна гора
Песни наши ора
ке се вијат, ке се вејат
надежда ке сејат.

***

Ај вие, чеда народни,
в истински славни јунаци,
викнете, грм издигнете
за да си живот смирите.

И тогај ропство крваво
векови ке го покријат,
само од тажни прикаски
светови ке си разберат.


Поврзано

Надворешни врски