Петта книга Мојсеева/ 34 глава
33 глава | Петта книга Мојсеева 34 глава од Мојсеј |
нема врати се кон Стариот Завет |
1 Потоа Мојсеј отиде од Моавските полиња на гората Нево, на врвот Фазга, спроти Ерихон, каде што Господ му ја покажа целата земја: од Галад до Дан,
2 сиот Нефталим, Ефремов и Мансиев крај, сета Јудина покраина до Западното Море;
3 потоа Негев, подрачјето на Ерихонската Долина - Градот на палмите - до Сигор.
4 Потоа Господ му рече: „Ова е земјата за која им се заколнав на Авраам, Исак и Јаков дека ќе му ја дадам на твоето потомство. Дозволив да ја видиш со своите очи, но ти нема да поминеш онаму.”
5 И Мојсеј, Господовиот слуга, почина таму во Моавската Земја по Господовата заповед.
6 И Тој го погреба во долината во земјата спроти Вет-Фегор. До денешен ден никој не научи за неговиот гроб.
7 Мојсеј беше на сто и дваесет години кога умре. Окото не му ослабе ниту му попушти силата.
8 Израелците го оплачуваа Мојсеја во Моавските Полиња триесет денови. Потоа поминаа и деновите на плачењето - на тажењето за Мојсеја.
9 А Исус синот Навинов, беше исполнет со дух на мудрост, зашто Мојсеј ги имаше положено своите раце на него. Израелците го слушаа него и правеа како што Господ му нареди на Мојсеја.
10 Не се појави веќе пророк во Израел еднаков на Мојсеја - Господ го познаваше него лице во лице!
11 Според сите оние знаци и чудеса во Египетската Земја, за кои Господ го праќаше да ги прави врз Фараонот, врз сите негови службеници и врз целата негова земја,
12 според онаа негова силна рака и според сите оние големи застрашувачки дела, кои ги направи пред очите на целиот Израел.
Поврзано
[уреди]Надворешни врски
[уреди]
Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.
It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.
Public domainPublic domainfalsefalse