Прејди на содржината

Од борбата/ 31 песна

Од Wikisource
30 песна „31 песна“

од народното творештво
32 песна
Собрал и уредил Блаже Конески во 1947. Песната е од с. Белчишта, Дебарца.

Ој пиле, пиле, пиленце малечко,
јас што те ранам утро и вечер,
утро и вечер и дење на пладне -
сега дојде време ти дa ми служиш,
писмо да занесиш rope Караорман,
гope Караорман на Главна квартира,,
на Главна квартира, команданту Мајски.
Страшно го чекает нашите душмани,
нашите душмани, гнасните Талјани.
Да би aл ги нашол, грозно ка и гледам,
грозно ка и гледам како жаби јадат.


Поврзано

[уреди]


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.