Од борбата/ 32 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
31 песна „32 песна“

од народното творештво
33 песна
Собрал и уредил Блаже Конески во 1947. Песната е од с. Црвена Вода, Дебарца.

Силна ми војска идеше,
тоа е војска ненаша,
тоа е војска германска,
германска та и фашиска.
Кога излезе над Ботун,
тешки топови постави
и митролези наличи
за село Црвена вода.
Тешки топови пукаа
и митролези косеа
во село Црвена вода.
Силна мu војска потргна.
Koгa мu дојде под село,
стари мu баби намери
стари баби питаше:
„Кај ви се партизаните,
кај ви се ваши сељани,
сељани та и сељанки?“
„Не знајме партизаните.
Сељаните излегоа
во Караорман, в планина
од ваши силни топови.
Сељанките избегаа
во Караорман, в планина
од ваши силни пукања.“
Одма ми в село влегоа,
фатија куќи да пленват,
фатија амбари да црпат,
фатија правци да колат.
Tиe ми беа Германци.
Кога балисти дојдоа,
фатија визби да барет,
визбите ми и најдоа
и во визбите ковчези,
ковчези од неестите,
ковчези од девојките.
Сето го руо кренаа,
руото од неестите,
руото од девојките.
Ковчезите ивцепија,
на огон ги наредија.
Kоra си војска отиде,
моми од гора дојдоа.
Дојдоа партизаните.
Кога ми моми видоа
бело ми руо кренато,
фатија моми да плачат:
„Оф леле боже до бога,
да каде ни е руото?“
Партизаните велеа:
„Молчите, моми, ќутите,
кога ќе дојдит Ѓурѓовден,
тога ќе ниe видиме
каде е вашето руо.
Скапо ќе ние платиме,
Co нивни пчошки животи.“


Поврзано[уреди]


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.