Прејди на содржината

Од борбата/ 30 песна

Од Wikisource
29 песна „30 песна“

од народното творештво
31 песна
Собрал и уредил Блаже Конески во 1947. Песната е од с. Локов, Малесија.

Ce собрале Германци, балисти,
да ми одет славна Малесија,
Малесија во селото Локов.
И почнае љуто да се биет.
H’ една страна Првата бригада,
друга страна Зуфер с Косовари,
трета страна самите сељани,
a настреде Германци, балисти.
Mи нападна Првата бригада,
нападнае славни Косовари,
зачекаа сељани Локвени -
истепаа Германци, балисти.


Поврзано

[уреди]


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.