Прејди на содржината

Од борбата/ 24 песна

Од Wikisource
23 песна „24 песна“

од народното творештво
25 песна
Собрал и уредил Блаже Конески во 1947. Песната е од с. Дабница, Прилепско.

Заплакала е гората,
гората Мукос планина,
за тоj ми Борка Левата.
Извика Борка Левата:
„Станујте, браќа, не спите,.
од сон cе разбудувајте,
оти ниe сме сардисани
од тие клети фашисти.
Проклети да cе шпиуни,
шпиуни, клeти кодоши,
трагата ни ја најдоа,
та што не нас предадоа.
Фрлајте бумби, патрони,
до еден да изгиниме,
в раце не им се даваме!
Сестрице, Мукос планино,
од тебе ќе се делиме!`


Поврзано

[уреди]


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.