Од борбата/ 25 песна

Од Wikisource
24 песна „25 песна“

од народното творештво
26 песна
Собрал и уредил Блаже Конески во 1947. Песната е од с. Буково, Битолско.

„Предајте се, партизани,
царо ќе ве опрости!"
Викна Коле Канинчето:
„Еј другари, дрште сe,
уште малце ке влезиме
стреде в Македонија.
Наполнете шмајзерите,
запалете бумбите!“
Планињето глас дадоја
од шмајзери пукање,
речиштата протекоја
од крвови течење,
ридиштата поцрнеја
од фашиските мрши.


Поврзано[уреди]


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.