Прејди на содржината

Од борбата/ 23 песна

Од Wikisource
22 песна „23 песна“

од народното творештво
24 песна
Собрал и уредил Блаже Конески во 1947. Песната е од с. Пелинце, Кумановско.

„Горо ле, горо зелена,
мина ли Карпуш војвода
с'с сед'мдесет дружина
и с'с седмина курира
и с'с седмина роднина?"
 
„Да била гора зборила,
не би гу пасле овцете,
не би гу секла секира."
 
„Овчари, млади чобани,
мина ли Карпуш војвода
с'с сед'мдесет дружина
с'с седмина курира
с'с седмина роднина?"
„Ми смо си млади чобани,
не смо виделе Карпуша
с'с неговите дружина."


Поврзано

[уреди]


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.