Прејди на содржината

Книга на израелеви судии/ 5 глава

Од Wikisource

4 глава Книга на израелевите судии
5 глава
од н.п.
6 глава


 1 Во тој ден Девора и Варак, синот Авиноамов, ја запеаја оваа песна:
  2 ”Борбено ги растурија коските израелските борци; и народот тргна доброволно: Благословувајте Го Господа!”
  3 ”Чујте, о цареви! Послушајте, кнезови! Јас му пеам песна на Господа, јас Го славам Господа, Израелевиот Бог.”
  4 ”Господи, кога слегуваш од Сир, кога чекореше победнички низ Едомските Полиња, сета земја се тресеше, небесата лееја, облаците врнеа со дожд.
  5 Горите се тресеа пред Тебе, о Господи, самиот Синај од присуството на Господа, Израелевиот Бог!”
  6 ”Во деновите на Самегар, синот Анатов, во деновите на Јаила запустеа патиштата; и оние кои што патуваа, обиколуваа наоколу.
  7 Водачите престанаа во Израел, престанаа додека не станав јас, Девора, додека не станав како мајка на Израел.
  8 Си избраа туѓи богови и затоа војната им застана пред вратата. За пет градови немаше ни еден штит! Ниеден цар за четириесет илјади во Израел!
  9 Моето срце чука за израелските водачи, за народот што доброволно тргнува во бој! Благословувајте Го Господа!”
10 ”Вие, кои јавате на бели ослици, седејќи на меки постелки, и вие кои одите по патиштата, пејте,
11 покрај извиците на развеселените пастири кај поилата. Нека бидат славени Господовите добротворства и Неговото владеење со Израел! И Господовиот народ слезе на вратата.”
12 ”Разбуди се, Деворо, стани! Стани, запеј песна! Храбро, стани, Вараку, води ги во робје своите поробувачи, сине Авиноамов!”
13 ”Тогаш слезе остатокот од луѓето против благородните: Господ слезе со мене против крепките.
14 Од Ефрема затекоа кон долината, по нив, Венијамин стигна меѓу твоите. Од Махир настапуваат началниците, од Завулон оние што носат заповеднички жезал.
15 Исахаровите кнезови беа со Девора, и Исахар, исто, тргна со Варака, побрза да го стигне во долината. Кај Рувимовите Потоци се советуваат долго.
16 Зошто остана меѓу трлата за да ги слушаш блеењата на стадата? Кај Рувимовите Потоци се советуваа долго.
17 Галад мируваше отаде Јордан. А зошто е Дан на туѓински бродови? Зошто Асир седи на брегот на морето? и мируваше во своите пристаништа?
18 Завулон е народ што и ја вети душата на смртта, и Нефталим на висорамнините.”
19 ”Дојдоа цареви, војуваа, бој водеа ханаанските цареви, во Танаха, во Мегидската Вода, но не добија ни малку сребро.
20 Од небесните врвици војуваа, војуваа ѕвездите против Сисара.
21 Потокот Кисон ги одвлече, потокот Кедумим, поток Кисон. Цврсто гази, моја душо!
22 Тогаш се кршеа коњските копита, од трчањето, од трчањето на јунаците.
23 ’Проколнете го Мироз, - рече Господовиот Ангел, - проколнете ги, проколнете ги, неговите жители, зашто не Му дојдоа на помош на Господа, на помош на Господа со храбрите.’”
24 ”Благословена да е меѓу жените Јаила, жената на Кенеецот Хевер, нека биде славена меѓу жените во шаторите!
25 Тој побара вода, таа му даде млеко, во скапоцена чинија му даде кравја маст.
26 Со левата рака посегна по колот, а со десната по ковачкиот чук. Го удри Сисара, му ја расцепи главата, му ја продупчи, му ја скрши слепоочницата.
27 падна до нозете, се одвали, легна, и падна до нозете, се сруши; и каде падна, остана мртов.”
28 ”Низ прозорец гледа Сисарината мајка, низ прозорец наѕира, до решетката вика: ‘Колесницата не му се враќа долго: зошто им е толку бавна запрегата?’
29 Најмудрата дворјанка и зборува, сама себе си одговара:
30 ’Плен најдоа па го делат: по девица на војник, по девица и по две, пленета разнобојна облека за Сисара, везена од двете страни, симната од плеќи на пленик!’”
31 ”Господи, така нека гинат сите Твои непријатели! А оние кои Те љубат нека бидат, како сонце, кога изгрева со сета своја сила!”

Поврзано

[уреди]

Надворешни врски

[уреди]

Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse