Книга на израелеви судии/ 4 глава

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

3 глава Книга на израелевите судии
4 глава
од н.п.
5 глава


  1 По смртта на Аод, Израелевите синови пак почнаа да прават што не Му беше на Господа по волја,
  2 и Господ ги предаде во рацете на Јавин, ханаанскиот цар кој владееше во Асор.Воен началник на неговата војска беше Сисара, кој живееше во незнабожечкиот Аросет.
  3 Тогаш Израелевите синови извикаа кон Господа. Зашто Јавин имаше шест стотини железни бојни коли, и тешко ги угнетуваше Израелците дваесет години.
  4 Во тоа време на Израел му судеше пророчицата Девора, жената Лафидотова.
  5 Живееше под Деворината Палма меѓу Рама и Ветил во Ефремовата Гора, и Израелците доаѓаа кај неа за да им пресудува во нивните спорови.
  6 Таа го повика Варака, синот Авинеемов, од Нефталимовиот Кадес, и му рече: „Еве што ти заповеда Господ, Израелевиот Бог: ‘Оди, тргни на гората Тавор и земи со себе десет илјади луѓе од Нефталимовите и Завулоновите синови.
  7 Јас ќе го привлечам кон тебе, на Кисонскиот Поток, Сисара, војсководачот на Јавиновата војска, со неговите бојни коли и со сите војници, па ќе ги предадам во твоите раце.’”
  8 Варак и одговори: „Ако дојдеш ти со мене, ќе одам; ако не дојдеш со мене, не одам.”
  9 ”Идам со тебе - му рече таа - но на патот по кој ќе тргнеш славата не ќе ти припадне тебе, зашто Господ ќе го предаде Сисара во раце на жена.” Тогаш Девора стана и тргна со Варака во Кадес.
10 Онаму Варак ги повика Завулона и Нефталима. Десет илјади луѓе тргнаа со него, а и Девора одеше со нив.
11 Кенеецот Хевер беше се одвоил од Кенеј, еден од синовите на Овав, Мојсеевиот дедо; го оптегна својот шатор кај Дабот во Занаим, недалеку од Кадес.
12 Му јавија на Сисара дека Варак, синот Авинеемов, излегол на гората Тавор.
13 Сисара ги собра сите свои бојни коли, девет стотини железни коли, и сите луѓе што ги доведе од незнабожечкиот Аросет до Кисонскиот Поток.
14 Девора му рече на Варака: „Стани, еве го денот кога Господ ќе го предаде Сисара во твои раце! Самиот Господ оди пред тебе!” И Варак слезе од гората Таворсо десет илјади луѓе со себе.
15 Господ ги заплаши Сисара, сите негови бојни коли и целата негова војска, која почна да бега пред Вараковиот меч. Сисара слезе од својата кола и избега пеш.
16 Варак ги гонеше колите и војската сè до незнабожечкиот Аросет. Сета Сисерина војска падна од остар меч, и ниеден човек не избега.
17 Дотогаш Сисара бегаше пеш кон шаторот на Јаила, жената на Кенеецот Хевер, зашто меѓу Јавин, асорскиот цар, и куќата на Кенеецот Хевер беше мир.
18 Јаила му излезе во пресрет на Сисара и му рече: „Застани, господару, дојди кај мене. Не бој се од ништо!” Тој се врати кај неа под шаторот, а таа го покри со покривка.
19 Тој и рече: „Дај ми малку вода, зашто сум жеден.” Таа отвори мев со млеко, го напои и пак го покри.
20 ”Застани при влезот на шаторот - и рече тој, - па ако некој намине и те праша: ‘Дали има некој?’ ти одговори: ‘Нема!’
21 А Јаила, Хеверовата жена, го зеде шаторскиот кол и чук во рацете, му се приближи тивко и му го прикова колот низ слепоочниците така што се закачи во земјата. Тој беше заспал цврсто од исцрпеност, и така умре.
22 И ете, дојде Варак гонејќи го Сисара. Јаила излезе пред него и му рече: „Дојди да ти го покажам човекот кого го бараш.” Тој влезе при неа, и ете - Сисара лежеше мртов, со кол низ слепоочниците.
23 Така Господ го покори, во оној ден, Јавина, ханаанскиот цар, пред Израелците.
24 Раката на Израелевите синови стануваше сè потешка над Јавина, ханаанскиот цар, додека најпосле не го истреби ханаанскиот цар.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.
It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.