Прејди на содржината

Зборник на Шапкарев/ Змеј и Ненка Попова

Од Wikisource

Јасно сл’нце и Михаил доб’р јунак Змеј и Ненка Попова

од Кузман Шапкарев
Стојан раск'сан од вештици
Песната е на современ македонски правопис. Песната е од Враца, Бугарија. Песната не е целосно објавена од страна на Шапкарев.

Наклала се је голема седенка,
С’брали са моми и ерѓене;
Дошла је и Ненка Попова,
Погледнала моми и ерѓене, -
До сека мома и ерѓенин,
А до Ненка никој нема.
Почудила се Ненка Попова,
Как’ је мома ерѓенин приела,
Сама се Ненка пофалила:
„Ја с’м мома хот голема рода,
Хот голема рода, попска д’штерја,
Мене мом’к не мо’ј да изл’же!
Дочуло је змејо, пиле шарено,
И преставил се на красен мом’к;
Извадил змејо медни кавале,
Засвирил змејо песни момини;
Заслуша Ненка мом’к прекрасен;
Като засфири мом’к прекрасен,
Вљуби се Ненка в'мом’к прекрасен
И отиде, та седна при него,
И го попита:
„От де си ти, младо ерѓенче?“
- „Ја с’м мом’к от далек,
От далек’, от Стара-планина.“
- „Ја кажи, кажи, верно либе,
Имаш ли маќа и башта?
Имаш ли брата и сестри,
Да се готфа за голема дара?
От голема рода, попска д’щерја,
Да одара сфа’и и сфатове!“
- „Като си ти либенце,
С’што и ја от голема рода; -
Јазе имам маќа и башта,
Маќа и башта, брата и сестри!“
- „Ја ште те попитам, љубе,
Имаш ли мала (имот) богата?“
- „Јаз имам, љубе, кафената шарени,
И имам к’шти ќерамидени.“
Изл’га змејо, пиле шарено,
Ненка Попова, попска д’штерја
И ја уведе през голема река,
Та ја уведе ф’ Стара планина.
Тја го попита змејо, пиле шарено:
„Ретко ст’паш, далек те виждам,
д’лг ли је п’тјо де отиваме?“
Змејо, пиле шарено и каза:
„Наг’рнештем висока Стара планина,
И видештем далече ли е.“
Смили се мома от голема рода,
Та попита змејо пиле шарено:
„Де ти с’ к’шти ќеремидени?
Де ти с’ кафенета шарени?“
Змејо пиле шарено и каза:
„Моите с’ к’шти, мечите дупќи,
Моите кафенета куфи букове!“
Като се показал че је змеј,
На гората клоњето полетеа
И на гората лисето попари,
Викна мома, та заплака:
„Ја те виждам че ти си сега
Змеј и пиле шарено.“
Като се Ненка заплака,
Та се оплака от кремењако,
От кремењко, от цепењако
И се змеју помоли:
„К’де, горка, да се ден’?
С’жали се змејо пиле шарено,
та и казал: „Ште ти направ’,
„Ште ти направ’ железни опинќи,
До к’т и с’дереш, ти ште намериш,
Ти ште намериш стара баба;
Ште ти намери биљќи и корење,
Ште ти сфари, да те ок’пе,
Ште те ок’пе и полее,
Да се от’рсе змеј пиле шарено.“
„Ја, либенце, кажи ми, кажи,
Кој са треви лековни?“
Змејо ја с’жалил и и казал:
„Ја набери, набери тентева,
Тентева и офчарска отдела
И зајашката сенка,
Вратика и куманика,
Та ѓи сфари, пиј и се ок’пи
...


Поврзано

[уреди]