Зборник на Миладиновци/ 612 песна

Од Wikisource

611 песна 612 песна

од Браќа Миладиновци
613 песна
на современ македонски правопис.


Лудо ходе сос дружина,
На дружина говореше:
„Еј дружина, мили брате!
Сакам нешто да те пита,
Право сакам да ми кажиш.
Дење гледам малка мома,
Дење гледам, в ноке всонвам,
Ноке м' иде близо, близо,
Близо, близо дур до мене,
И ми легнува на р'ката,
На р'ката, на р'кавот;
А от сонот кад' да станам,
Барам мома, мома немат!”