Зборник на Миладиновци/ 609 песна
Изглед
608 песна | 609 песна од Браќа Миладиновци |
610 песна |
на современ македонски правопис. |
Иване, Иване, челебиа!
Имаш Иван дворје Стамболови,
На дворите скали от карагрош,
Пармаѕите, Иван, от флорина,
Вратиците, - позлатени,
На дворите, - две чешми,
На чешмите - до две порти,
На портите - до два крста,
На крстата - до два пилци,
Кад' се смее - злато лее,
Кад' зборуве - бисер пљуве.
Кад' си дочул - царот, ем везирот,
Да ги пуштил - два каваза,
Да им веле - ем говори:
„Донесејте - богат Иван,
Да го видам - што човек је!”
Донесоха - богат Иван,
Да го виде - царот ем везирот;
Да му веле - ем говоре,
Да си даде - негова штерка.Кој ке чуе, севдем, да се чуде.”