Зборник на Миладиновци/ 608 песна

Од Wikisource

607 песна 608 песна

од Браќа Миладиновци
609 песна
на современ македонски правопис.


С невеста си Марко говоре;
Невестата кад'н Ангелина:
„Слушај, слушај, мори, што ке речам,
Запрегни се, мори, засукај се,
Да испечиш до две морски риби,
Да наточиш крондил благо вино,
Да донесиш на ладна механа;
Кој ке виде, севдем, да завиде,
Кој ке чуе, севдем, да се чуде.”