Зборник на Миладиновци/ 606 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

605 песна 606 песна

од Браќа Миладиновци
607 песна
на современ македонски правопис.


Малко дете вода лие
Со две малки бардачина;
Риба мренка го задира.
Дете веле ем говоре:
„Немој, мренка, ме задирај,
Да не кажам на мајка ми,
На мајка ми на башта ми,
Да не сплетат тенка мрежа,
Дан' т' изловат, дан' те фатат,
Дан' те варат сладка чорба!”