Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ 569 песна

Од Wikisource

568 песна 569 песна

од Браќа Миладиновци
570 песна
на современ македонски правопис.



Моето ми мило сванош ми седело,
Конци ми сукало, бисер ми низало,
Бисер ми низало коњу на гривата.
„Немој, коњу, немој, не нишај си глава,
Не те имам, коњу, ја за продавање,
Тук' те имам, коњу, сват ке ми те пуштам,
Во Семендра града, во новото село,
Во новото село у попа Јована;
Попот имат, коњу, до три малки моми,
Да ми ја зеиш, коњу, таја најмалата,
Таја најмалата, та гонџе-ѓула,
Таја црнооко, таја чатма-вежда.”