Зборник на Миладиновци/ 503 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
502 песна 503 песна

од Браќа Миладиновци
504 песна
на современ македонски правопис.


Не љуби мене, моме, не губи себе,
Оти сум тугин, моме, тугин јабанец,
Денес сум овде, моме, утре ке сј одам,
На чужа земја, моме, на чуж виљает.”
„К'де ке одиш, лудо, к' идам со тебе,
Сејмен прет тебе, лудо, баш буљукбаша.”
„Не можиш д' идиш, моме, и ти со мене;
Тамо ми имат, моме, тесни дервени,
Тесни дервени, моме, земски сејмени,
Ке те познает, моме, во руса коса.”
„Купи ми, купи, лудо црвен пештамал
Да си завиам, лудо, русата коса.”
„Ке те познает, моме, во бели гр'ди.”
„Купи ми, купи, лудо црвен џамадан,
Да си завиам, лудо, беливе гр'ди.”