Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ 501 песна

Од Wikisource
500 песна 501 песна

од Браќа Миладиновци
502 песна
на современ македонски правопис.


Момиче с момче збореше:
„Момиче, мило момиче!
Утре је празник големи,
Јас ке си одам на дрва,
И ти да идеш со мене;
Јас ке си дрва наберам,
Ти да си цвеке набериш.”
Како си зборот зборвеше,
Така си зборот држае;
Момче отиде на дрва,
А момичето на цвеке.
Момче си р'ка пресече,
Момиче змиа г' изеде,
Обата в еднош умрее.
Момче кладое прет црков,
А момичето зат црков
Момче излезе трандафил,
А момичето лозница;
Растое, си порастое
Обата ми се ставие,
Зашто си љубов имее.