Зборник на Миладиновци/ 497 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
496 песна 497 песна

од Браќа Миладиновци
498 песна
на современ македонски правопис.


Моето ми мило с' нош ми седело,
Свешти ми горило, и бисер сукало,
Бисер ми низало коњу на гривата;
„Немој коњу, немој не нишај глаата!
Не ми те променвам, коњу, да те продаам,
Стројник ке те пуштам во Легена града
Во Легена града у попа Наума,
Ти да ми ја свршиш најмалата мома;
Ак ти ја давает постарата мома,
Брго да се вратиш, ти да не се вртиш;
Ак ти ја давает помалата мома,
Ти да ми ја свршиш, да се позабаиш.”