Зборник на Миладиновци/ 496 песна

Од Wikisource
495 песна 496 песна

од Браќа Миладиновци
497 песна
на современ македонски правопис.


„Што поминак, мајко ле мори, горната маала,
Што си видоф - - Доста девојка,
Доста беше - - како мене,
Како мене - - прилегат за мене.
Иди, мамо - - питај ми ја,
Ако ти ја даат - - да се позабаиш,
Ак не ти ја даат, брго да си дојдиш;
Куки ке расипам, манастир ке праам,
Манастир ке праам, калугер ке бидам.”