Зборник на Миладиновци/ 486 песна

Од Wikisource
485 песна 486 песна

од Браќа Миладиновци
487 песна
на современ македонски правопис.


Купи ми купи, мила ле нане, коња дориа,
Ја да си ода, мила ле нане, на Дунав на вода;
Тамо ми има - - - три девојчина,
Првата ми је - - - Софка Солунка,
Втората ми је - - - Марија Костурка,
Треќата ми је - - - Марија Стамболка.