Зборник на Миладиновци/ 477 песна

Од Wikisource
476 песна 477 песна

од Браќа Миладиновци
478 песна
на современ македонски правопис.


Мошне ми се мили бугарските моми,
Везден ми жниает на жесконо с'нце,
От утро до вечер на нове ми стоат;
Полоѕи кревает; снопови ми врзват,
Ставици ми прает, како славеј пеат,
Како ластоици т'нко зборувает.
Ајде пак навечер дома се враштает,
Како еребици ситно ми брзает,
Бели ми се бели, како бела книга,
С црвени образи, охритско јаболко.