Зборник на Миладиновци/ 453 песна

Од Wikisource
452 песна 453 песна

од Браќа Миладиновци
454 песна
на современ македонски правопис.


„Тамо горе зеленее,
Мое срце ми чернее
За една мома от селато
О мој бара промената
Промената направена
Бело лице завиена,
Со флорини на челото;
Зашто мене не ме зева?”
„Море лудо, море младо!
Мајка имам не ме дава.”
„Мори моме, калешото!
На мајка ти голем пештеш
Голем пештеш, ж'лти чевли.”
„Море лудо, море младо!
Братја имам не ме дават.”
„Море моме калешото!
На братја ти голем пештеш
Голем пештеш, шарен туфек,
Да си оди на планина,
Да си лови гјаребици,
Току мене ти зевај ме.”