Зборник на Миладиновци/ 437 песна

Од Wikisource
436 песна 437 песна

од Браќа Миладиновци
438 песна
на современ македонски правопис.


Мајка Јана скориваше,
По тремои, по одаи.
Заспала ми назли Гјана,
Во недеља на утрина
На постели бамбакерни,
На перници копринени,
Пот јоргани бадемлии.
„Стани Јано, стана керко!
Сонце ми се разгреало,
Си другачки растанале;
Голаби се разгугале
По црвени трандафили;
Пауни се распеале
По црвени карафили!”