Зборник на Миладиновци/ 433 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
432 песна 433 песна

од Браќа Миладиновци
434 песна
на современ македонски правопис.


Елено бајрак девојко!
Не качи перо високо,
Не држи сенка голема!
До Солун сенка ми држиш
На Солунските овчари.
Овчари јагне печеа,
Со шарен кавал свиреа,
Еленина песна пееа:
„Елено, убаа девојко!
Што сенка д'лга си имаш,
Сенката овде достигвит,
Пот сенка да си играме,
Весели све да бидиме.