Зборник на Миладиновци/ 416 песна
Изглед
415 песна | 416 песна од Браќа Миладиновци |
417 песна |
на современ македонски правопис. |
Стојанке девојко, к'де си ми била?”
„Лудо ле, млада ле, ја сум била на пазар.”
„Стојанке девојке, што бараше без мене?”
„Лудо ле, млада ле, да си купам ал к'деља,
Дал ми идет Велигден, и ти сакаш пештеши,
Ке ти везам чораби, ке ти ткаам подвески.
Да не ми се наљутиш, да је кажиш мајке ми,
Как си зборот имаме, оба да го држиме;
По Велигден Ѓурѓовден, сакам пештеш от тебе,
Сакам гердан от бисер, сакам колан от срма,
Како сме се зборвале, тако да се земиме.”