Зборник на Миладиновци/ 390 песна
389 песна | 390 песна од Браќа Миладиновци |
391 песна |
на современ македонски правопис. |
Мила момо, црнооко,
Мили твојте црни очи,
Црни, црни како трнка,
Полни рамни, като грозде;
Сакам нешто да те питам,
Сакам право да ми кажиш;
На кого си наљутено
Наљутено, насрдено,
Даљ на мајка, ил на тејко,
Иљ на твојте два брата?”
Она веле и говоре:
„Море лудо, лудо младо!
Не сум, лудо, наљутено
Ни на мајка, ни на тејко,
Ни на мојте два брата,
Туку, лудо, на тебека,
Толку ходи горе долу
По планини, по вишини,
По војската Анадолска,
От дек слонце си угрева,
Па додека си заожде,
Нел не најде негде цвете,
Да набериш, да донесиш,
Јас да речам љубов љубам,
От љубовта китка носам.”
Па он веле и говоре:
„Најдох, момо, рано цвете
На коњот ми до гривата,
Наведох се да наберам
Да наберам, да донесам,
Цветето ми проговори:
„Море лудо, лудо младо!
Ти ме бери, ти ме носи,
Не ме давај на момите;
Момите ме лошо носат,
Ден везден носат на глава,
На страјата, пот крпата;
Вечер дома ка ке дојдат,
Ке ме сваљат от главата,
Ке ме фрљат во стрет к'шти.
Ка ке станат от утрина
От утрина в понеделник,
Земат метла и лопата,
Ке ме сметат, ке ме сринат,
Ке ме фрлат на буниште,
Да ме риат кокошките.
Децата ме арно носат,
Ден везден носат на глава
На главата, меѓу очи,
Вечер дома ке си дојдат,
Ке ме сваљат от главата,
Ке ме клаат на стреата,
С' ношт ветер ке ме веит,
Ситна роса ке ме рoсит.”