Зборник на Миладиновци/ 385 песна

Од Wikisource
384 песна 385 песна

од Браќа Миладиновци
386 песна
на современ македонски правопис.


„Мено ле, Мено, Мено девојко!
Не оди, Мено, ноке за вода
По месечина, на облачина!
Водите ми сет мошне далеко,
На теб се фале, лудо да младо,
На теб се фале, да те позадре."
Тогај си веле Мена девојка:
,,Ако ме стрете, што ќе ме чине?
Стомна ак скрше, нова ке купе;
Не сум калинка да ме соскрши,
Да ме раздаде на дружината;
Не сум погача да ме посече,
Да ме посече, да ме изеде.”