Зборник на Миладиновци/ 384 песна

Од Wikisource
383 песна 384 песна

од Браќа Миладиновци
385 песна
на современ македонски правопис.



Мила мома црнооко!
Мили твојте црни очи,
Црни, црни како трнка,
Полни, рамни, како грозде!
Седнала је малка мома
Зат к'шти во градината,
Под бела лоза на сенка.
Под бела дреновина,
Под Солунска јадрина,
Под бил црвен трандафил,
Дробен бисер си нижи
Дробен бисер и флорини.
Там дека гердан си ниже,
Там помина лудо младо,
Та и веле, и говоре:
„Мила мома, црнооко!
Бог да биет твојте братје!
Што викнаха мајсторето,
Та зидаха дворовето;
Не им стига што зидаха,
От горе трње кладоха,
Да не пиле си пролете,
А не човек да помине.
Чин ми прелиз да помина,
Јас при тебе да си дојдам,
Двете гердан да нижиме,
Дробен бисер и флорини,
Очи да си размениме,
Да ми дадиш црни очи,
Да ти дадам сери очи,
Црни очи, страмлив поглед,
Мојте очи твој да бидат,
Твојте очи мој да бидат;
Ако не се каил чиниш,
Ке ти дадам и повике
Сто флорини туралии,
Се на синџир оковани.”
Она веле и говоре:
„Море лудо, лудо младо,
Дејди лудо аџамиа!
Не да дадеш сто флорини,
Ток да дадеш сто товари,
Не се очи разменуват,
Твојте очи мој да бидат,
Мојте очи твој да бидат.”