Зборник на Миладиновци/ 379 песна
Изглед
378 песна | 379 песна од Браќа Миладиновци |
380 песна |
на современ македонски правопис. |
„А јуначе Дренополче,
Што мирисаш миск не носиш?
Што не мислиш да се жениш
За девојка Софијанка?”
„Ми ја кажвет грдо-мазна
Грдомазна неубава.”
Та си појде во Софија,
Фати конак у стрика је.
Му излегла невестата
Со налани шикосани,
Со чораби копринени,
С ал кошуља дур до земи,
Со читјани чичеклии,
Ал з'бунче до колена;
С'нце беше облечена,
Месечина опасана,
Дробни ѕвездрх по рамена,
Самур калпак на главата,
Паун перо на. калпагот.