Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ 371 песна

Од Wikisource
370 песна 371 песна

од Браќа Миладиновци
372 песна
на современ македонски правопис.


„Марие, мори девојке!
Што многу сношти седофте,
Што многу гости имахте?”
„Дегиди лудо и младо!
Што многу сношти седохме,
Што многу гости имахме;
На мајко ми шуреите,
На татка ми мили браќа,
А мене мили вујчеви;
Санок си стојаф на баџа,
Санок сум сеир гледала,
В стрет куки огон гореше,
Стреде кошара стоеше,
Со зелен венец на глава.
От сега, лудо, да пукниш,
Да пукниш, лудо, да тресниш,
За друго момче се сврших.”