Зборник на Миладиновци/ 363 песна

Од Wikisource
362 песна 363 песна

од Браќа Миладиновци
364 песна
на современ македонски правопис.


„Ој ти моме хубаво и лично!
Роп ке ти бидам до три години,
За да ти видам рамната става,
Црните очи, тонките веги
Твој црвен образ, медната уста.
Белото грло, белите гр'ди;”
„Дегиди лудо, дегиди младо!
Дека ке видиш, што фајде имаш?
Полните очи, празните р'це.”