Зборник на Миладиновци/ 350 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
349 песна 350 песна

од Браќа Миладиновци
351 песна
на современ македонски правопис.


Kиниcaл Димо, кинисал
Со двана коња црвени,
Да одит Димо, да одит
У бела Петра убава,
Колку се Димо приближа,
От порти Димо ја викат:
„Отвори, Петро убава!
Запали киска борина,
Наточи вино црјвено,
Оба да, Петро, пиеме;
За тебе сум се посвршил.”
„Не зборви, Димо, не зборви,
Не зборви такви зборои,
От је от бога греота,
От је от љуѓе страмота,
Мие cмe близу роднине,
Мојата мајка и твоја
Тие две сестри родени,
А мие први братучеди.”
„Дегиди Петро убава!
Дробнана песок број немат,
Глобоко море глет немат,
Широко поле от немат,
Убаво моме рот немат;
За тоа су те посвршил.