Зборник на Миладиновци/ 342 песна

Од Wikisource
341 песна 342 песна

од Браќа Миладиновци
343 песна
на современ македонски правопис.


Шетаф, шетаф низ гора зелена,
Шуркаф, шуркаф дробно пиле заљуба;
Не си најдоф дробно пиле заљуба,
Ток си најдоф леденчици зелена,
На леденци едно ле дрво високо,
На дрвото црвено цвеке цутка,
Под дрво шарена чешма студена,
До чешмата до три моми хубави,
Топлата погача ручагја,
И студена вода си пиеа.
Па помина едно ле старо грбаво,
Им посака трово погача да ручат,
Му рекоа до три моми хубави:
„Ај от тука, едно старо грбаво!
За тебе је 'ржен лебец непечен.”
Па посака троа вода да пиет;
Му рекоха до три моми хубави;
„Ај от тука едно старо грбаво!
За тебе је м'тна вода студена.”