Зборник на Миладиновци/ 341 песна

Од Wikisource
340 песна 341 песна

од Браќа Миладиновци
342 песна
на современ македонски правопис.


Се собрале, набрале
Сите моми Баровки
На Баровски гумништа,
Да ми предет дарови,
Да даруват сватови.
Заросила росата,
Избегае момите;
Пристанала росата,
Пак дојдоа момите
Се фатиа на јоро
Да ми игрет на јоро;
Се фатила Митана.