Зборник на Миладиновци/ 340 песна

Од Wikisource
339 песна 340 песна

од Браќа Миладиновци
341 песна
на современ македонски правопис.


Елено, моме Елено,
Елено пиле шарено!
Чула си нешто разбрала,
От' болен лежа ке умра
От тешка болест неверна
Со две куршуми удрено,
На десно рамо удрено,
И двете беа тељлии,
На тенка сирма нижани
На Оризарски чаири,
На бела Ружанска.