Зборник на Миладиновци/ 317 песна
Изглед
316 песна | 317 песна од Браќа Миладиновци |
318 песна |
на современ македонски правопис. |
Чие ет онова чупче
Онде на ридо што седи
На ридо оданде реката,
Турено каке колоната,
Флорин носе на челото
Флорин мамудиа.
О мајко, мила мајко!
Ка да се става со неја,
Болен да легна крај неја,
И здрав да стана от неја,
Ка трандафил во градина,
Ка горозве во планина.
Не е било чупче за пилини,
Току е било Косинско невешче
Оно си има момче по чуждина,
Тамо седи кираџиа чека,
Да не книга од него најди.