Зборник на Миладиновци/ 315 песна

Од Wikisource
314 песна 315 песна

од Браќа Миладиновци
316 песна
на современ македонски правопис.


Дали виде сон за мене,
Как што видох ја за тебе?
Се сторихме два гол'ба,
Летнахме, вишно, високо,
Ние токмо зевгарично
Се качихме ливаѓата,
Бог да биет берачите,
Што дојдоха не скорнаха.
Си летнахме ние токмо,
Се качихме на лозјето;
Бог да биет аргатите!
Што дојдоха нè скорнаха.