Зборник на Миладиновци/ 314 песна
Изглед
Дона и Аго | 314 песна од Браќа Миладиновци |
315 песна |
на современ македонски правопис. |
Де се чуло и видело
На сон мома да се кради
Мегу мајка, мегу татко,
Мегу девет нејни брака,
Мегу нејни осум снаи.
Па ја зеа, ја носија
Ја носија во ливади,
Да удриа два чадора,
Еден зелен, други червен.
Се разбуди мала мома,
Отговоре млада мома:
„Море лудо, море младо!
А подај ми фр'шко ноже
Да посеча блага лапка,
Да накисна моја уста;
Па да одиш д' она чешма,
Донеси ми ибрик вода,
Да оладам мое срце.”
Се измами лудо младо,
Па си оде, взеде вода;
Се умори мала мома.
Ка ми дојде лудо младо,
К'де виде младо мома,
Само лудо се умори.