Зборник на Миладиновци/ 307 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
306 песна 307 песна

од Браќа Миладиновци
308 песна
на современ македонски правопис.




„Марчо .ле, Марчо, Марие!
Јас сношти пуштиф за тебе,
Оти не дојде до мене?”
А она веле, говоре:
„Еј море лудо, да младо,
Кенисах, лудо, да дојдам,
На п'т ме мене стретеа
Мајчините девет браќа,
Девет брака, осум снаи,
Дванаесет мили мнуци,
От п'т мене ме врнаа.
Дури дома да си одам,
Дури врати да отворам,
Дур кандило да запалам,
Дури огин да навалам,
Дури вечера да зготвам,
Дури погача да месам,
Дури кокошка да печам,
Достигнаха стројниците,
Нели мене армасаха.”