Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ 306 песна

Од Wikisource
305 песна 306 песна

од Браќа Миладиновци
307 песна
на современ македонски правопис.


„Еј девојко хубава,
Егиди пиле шарено,
Егиди јагне ранено!
Седи да поседиме,
Гледи да погледиме,
Оти ке се разделиме,
На далеко ке идеме;
Ти в далеко во Петрове,
Ув тетини ти на госте”.
Она му веле гoворе:
„Егиди лудо, да младо!
Продај си чуфте пиштоле,
Купи си рало волове,
Ори си рамне дворове,
Сеј ми си, лудо, јадове;
Ак не ти никнат јадове
Мног ке се јадиш по мене.
Сеј ми си, лудо, ружинот,
Ак не ти никнит ружинот,
Мног' ке се ружиш по мене.
Сеј ми си, лудо, вртика,
Ак не ти никнит вртика,
Мног' ке се вртиш по мене.”