Зборник на Миладиновци/ 281 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
280 песна 281 песна

од Браќа Миладиновци
282 песна
на современ македонски правопис.


Собрале се, набрале се
Седумдесет и сет мина
И сет мина арамии.
Први беше куси Петко,
Куси Петко шатрум-патрум,
На четири патерици;
И по него касапчето
Касапчето Прилепчето,
Два кодоша от вароша,
Чукни-т'пан М'жоечки,
Врти-калец, Сено-косец,
Суши-сливи от Долени,
Прди-зелка, Црни-лишки.
Мавни-вила от Могила,
Поп Никола от Битоља ...