Зборник на Миладиновци/ 256 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
255 песна 256 песна

од Браќа Миладиновци
257 песна
на современ македонски правопис



„Стани Радо, стани, огин да навалиш,
Огин да навалиш, к'ндило запалиш,
Ти да ми напоеш девет сиви коња,
Ем да ги напоеш, ем да ги назобеш,
Ем да ги оседлаш, ем да ги престегнеш,
Оти ке си појдам рано сос кириа,
Ке товарам, Радо, девет товари свита,
Ке си појдам, Радо, во града Софиа.”
Тогај нему веле та хубава Рада:
„Лежи Стојан, лежи, уште си је рано,
Петли што си пеат ми се л'жовити,
Калдарми што трескат, не се кираџии,
Не сет кираџии, тук сет арамии.”
И тогај ми веле тој млада Стојан:
„Стани Радо, стани, стани да не станиш!
Зашт јас ке си појдам, неможам да стигнам.”
Тогај се на Рада мошне нажалило,
Та си стана Рада, огин си навали,
К'ндило запали, слезе в коњушници,
Си искара Рада девет сиви коњи,
Напој ги, назоби, оружи, престегна;
Та се свали Стојан, си товари свита
Си товари свита, отиде в Софиа.
Тогај го је Рада љуто прок'лнала:
„Ток' да одиш, Стојан, да не ми се врниш,
До скора да дојдат твоите абери!”
Па киниса Стојан, дојде до стрет п'тот,
Лели излезеа злине арамии,
Го удриха Стојан и го пресечеха,
Товари растовареха, коња варнаха,
Коњи дома дојдоха без товари без стопан.