Зборник на Миладиновци/ 255 песна

Од Wikisource
254 песна 255 песна

од Браќа Миладиновци
256 песна
на современ македонски правопис


Јано ле, Јано, хубава Јано!
Убава Јана платно си ткае
Платно си ткае в нејната тета
Тенкото платно, бурунџуклиа,
Кенарето му се сухо злато.
Разбојо крца, дури зборува:
„Јано ле, Јано, хубава Јано!
Платно ти ткаеш в твојата тета,
Свекрва ти от рид на рид оде,
На рит оде змиа си брка,
Змиа си брка змиа љутица,
Рибник да прави, рибник јагуљник,
Тебе ке викат, ти да си ручаш;
Ти да и речиш, ја сум ручала,
В мојата тета бела погача
Бела погача, пресно cиpeњe.
От бог да најде твоја свекрва!
Она си нашла змиа љутица,
Та ја направи рибник, јагуљник,
И го понесе за да се пече,
Та си дојде тебе да те викат:
„Ела Јано, снао, да ручаме!”
Јана и веле, ем и говоре:
„Оди си, мале, и си ручајте,
Ја сум ручала, в мојата тета,
Бела погача, пресно сирење:”
От бога да најде твоја свекрва
Твоја свекрва, врла душманка,
Што га е скрило за вечерата.
К'де је било и замркнало,
Дојде си време за вечарата.
Нели си дојде убава Јана,
И да се кладе да вечерајат,
Хубава Јана мошне атарџија,
Атар не крши на свекрвата,
Та си зафати да си вечера;
Прв залак апна и душа даде.