Зборник на Миладиновци/ 241 песна
240 песна | 241 песна од Браќа Миладиновци |
242 песна |
на современ македонски правопис |
Два се змеа на планина збиле,
От сила ми м'тен Дунав течит,
Крај му бие у Будина града,
Во Будина у темна з'ндана.
Тамо лежит Грујо лудо дете,
Што ми лежел до девет години,
На paмo му пиле соколово;
Лице грубит, пиле да го ранит,
Очи точит, да го вода поит;
„Расти, пиле, расти да порастиш!
Ке те пуштам мојте рамни дворје,
Да и видиш да ли и познааш?”
Му говори пиле Соколово:
„Ај ти тебе Грујо, лудо дете!
И да појдам дворје не познаам.”
И тој на пиле му говорит:
„Ај ти тебе пиле соколово!
Сами ми се дворје бележити,
Стреде дворје имам бела чешма,
До чешмата една бела лоза,
До лозата една криво дрво”
От тук стана пиле да отлета,
Да отиде во негови дворје.
Дворје ми је трева пообраси,
Бела лоза ми се исушила,
И чешмата ми се исушила,
И дрвото ми се пресушило.
Што имаше до три кукаици;
Една кукат от вечер на вечер,
Друга кукат от утро на утро,
Треќа кукат к'таден, к'таден.
От тук стана пиле да отиде,
Да отиде во темна з'ндана,
Во з'ндана, при Грујо лудо дете;
Се застоја на јуначко рамо,
Му прикажвит за три кукаици:
„Една кукат от утро на утро,
Друга кукат от вечер на вечер,
Трека кукат к'таден, к'таден.”
Му roворит Грујо лудо дете:
„Што ми кукат от вечер на вечер,
Таја ми је моја прва љуба;
Та што кукат от утро на утро,
Таја ми је моја мила сестра;
Та што кукат к'таден, к'таден,
Таја ми је моја мила мајка.”