Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ 239 песна

Од Wikisource
Еден син у мајка 239 песна

од Браќа Миладиновци
240 песна
на современ македонски правопис


Мори Пецо, бела Пецо,
Бела Пецо Јанешанко!
Излегла је бела Пеца
На Јанешко рамно Било,[1]
Та разгледа горе, долу
Разгледа по поле широко;
Кога гледа бела Пеца!
Јачменете побелели,,
А пченици ожолтели.
Па застана спроти слонце
Спроти слонце от протива,
И на бога се помоли:
„Варај боже, мили боже!
Дај боже љута треска
От Ѓурѓевден, до Петровден,
Дур' сожниат пчениците,
Да доберат јачменето!”
Та киниса дома д' оде.
Дур' да дојде, љута ја стресе,
Та си легна во постеља
От Ѓурѓевден до Петровден.
Та си жнали нејни дружки
Та си жнали и дожнали.
Нејни друшки си дожнаха,
Бела Пеца је умрела,
Друшки от жетва си идат,
А Пеца носат на гробот.


  1. Планина во близина на Кукуш