Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ 234 песна

Од Wikisource
Марко и Цвета 234 песна

од Браќа Миладиновци
235 песна
на современ македонски правопис


„Сонце, мило сонце, синок заран зајде,
Синок заран зајде, сега си се забај!”
Девојко, девојко, сум се забавило,
Чудо сум гледало: Богдан се делеше
От татко, от мајка, от деветте браќа,
И от осум сестри, и oт седум снахи.
Татко му делеше с'жен и пол кука,
Мајка му делеше еден кравај восок,
Браќа му делеа девет руди овни,
Сестри му делеа пребелото руво,
Снахи му делеа шарени чораби.